Регион

Бугарија се покаја: Софија бара обновување на преговорите за Рускиот гас

 Vladimir Putin-10.jpg

Бугарската влада размислува за разговори со енергетскиот гигант Гаспром за обновување на увозот на рускиот природен гас, изјави во петокот министерот за енергетика Росен Христов за Нова ТВ.

„ Сè уште нема активни разговори со Гаспром… но ние дадовме индикација дека сакаме да ги започнеме преговорите, односно да ги продолжиме за да се разјаснат некои контроверзни услови од договорот. Едноставно испративме информација дека сме подготвени за преговори и побаравме од нив да го обноват контактот“ , рече тој, прецизирајќи дека Софија очекува одговор од рускиот добавувач во петок или најдоцна во понеделник следната недела.

„Зборуваме само за стариот договор, нема повторно да потпишеме, ниту да преговараме за нов договор“, нагласи министерот.

Според Христов, Софија се обидува да го продолжи рокот за испорака на преостанатите количини гас од договорот до 2023 година.

Во април Бугарија го отфрли начинот на плаќање гас во рубљи што го воведе Русија како одговор на западните санкции. Според новата регулатива, купувачите од земјите кои воведоа ограничувања за Москва се обврзани да го плаќаат рускиот природен гас во рубли. Одбивањето на Софија да ги прифати новите услови го натера Гаспром експорт да ја запре испораката на гориво за својот бугарски партнер Булгаргаз.

Related posts

Leave a Comment