Регион

БУГАРИЈА : Сиромашни луѓе жртва на трговија со човечки органи

 

Тројца мажи и една жена се обвинети за регрутирање донатори на органи кои потоа контактирале со пациенти кои имаат потреба од трансплантација на бубрег, рече обвинителот Димитар Петров.

Трансплантациите се изведувале во болница во Турција, благодарение на фалсификувани документи според кои донаторот и пациентот биле во сродство.

Обвинителот рече дека најмалку пет пациенти на тој начин добиле бубрег за трансплантација од февруари 2019 година. На списокот на чекање имало уште двајца пациенти и тројца потенцијални донатори.

Пациентите платиле помеѓу 50,000 и 100,000 евра за трансплантација.

Донаторите, претежно невработени, сиромашни и во долгови, добивале по 5000 до 7000 евра по завршувањето на операцијата.

Вкупно 22 трансплантации на бубрег годинава биле направени во Бугарија, додека 1.028 пациенти биле запишани на списокот на чекање за трансплантација, пренесува бугарското Министерство за здравство.

Related posts

Leave a Comment