Регион

Бугарската армија испраќа сериозни закани: „Ако треба, ќе употребиме сила против мигрантите!“

мигранти

Најважно е Турција да го спречи влезот на илегални мигранти во Бугарија, рече бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Каракачанов најави дека армијата ќе биде испратена на границата во наредните часови.

– Ако можеме да го запреме (мигрантскиот) бран што се движи кон Бугарија со помош на дипломатијата – добро , ако не, ќе ја употребиме силата и на полицијата и на армијата, додавајќи дека нелегалното преминување на границата е прекршок – рече Каракачанов пред новинарите по собраниската седница.

 

– Тие ќе пристигнат на границата во наредните 4-6 часа – вклучувајќи ги копнените сили, специјалните сили и воената полиција, како и 140 единици со техника. 12-16 часа – ќе бидат испратени уште 1.000. Доколку е потребно, можеме да мобилизираме 2.400-2.600 луѓе и да ги испратиме на границата. Јас сум хуманист, но мислам дека државната граница на Бугарија е неприкосновена. Доколку има агресивни обиди како во Грција, Бугарија ќе употреби сила – рече министерот.

– Секако, нема да пукаме од пушки. (Но, може да се користи) физичка сила: водени топови, гасни гранати, шок-бомби – што ги користат Грците. Не смееме да дозволиме никој да влегува во Бугарија неказнето. Во секој случај, додека сум министер, така ќе биде – рече Каракачанов.

Related posts

Leave a Comment