Свет

„ВАШИНГТОН се стреми да го заземе ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР“ Володин нагласува дека Европејците ќе платат за санкциите против Русија

Putin's 'Gray Cardinal' Vyacheslav Volodin 'to Move from Kremlin To  Parliament' - The Moscow Times

– Вашингтон им одреди таква судбина на земјите од Европската унија. Раководството на Соединетите Американски Држави цела недела носи одлуки кои се непријателски настроени кон нашата земја – напиша Володин на Телеграм.

Со воведувањето санкции за руската енергија, „Вашингтон се стреми да го окупира европскиот пазар“, додаде тој.

– Уделот на испораките на нафта и гас во Европа од Америка е осум проценти и шест проценти. Поскапувањето на енергенсите се исто така дел од тој план. Цената за сето тоа во иднина ќе ја плаќаат земјите од ЕУ, кои ќе бидат принудени да купуваат фосилни горива од САД по многу повисока цена – изјави Володин.

Тој додаде дека сето тоа ќе падне на грбот на европските компании и граѓани.

– Со принудувањето на меѓународните компании да учествуваат на парадата на санкциите против Русија, Вашингтон и Брисел прво ќе удрат по нив. Ќе им биде тешко да се вратат откако ќе го напуштат нашиот пазар – предупреди тој.

Според него, пример за тоа е 2014 година – оттогаш Русија обезбеди безбедност на храната и го реши прашањето за замена на увозните производи во одбранбениот сектор.

Володин посочува и дека е исклучително важно руските власти да најдат решенија за да ги зачуваат руските работни места во пазарните сегменти од кои се повлекле странските компании.

Откако ќе се надминат тешкотиите, ќе може да се формира поефикасна економија, поотпорна на предизвици, додаде тој, пренесува Спутник.

Претходно американскиот претседател Џозеф Бајден објави дека САД воведуваат забрана за увоз на енергенси од Русија. Тој во телевизиско обраќање рече дека Вашингтон разбира оти сојузниците во Европа не можат да се приклучат на забраната.

Related posts

Leave a Comment