Вдлабнатина на карпите во планините Алтај во Русија е мистерија за планинарите, како и геолозите
Тоа е еден вид камена врата во форма на трапез со дијагонална пукнатина, која според официјалната верзија е геолошка формација стара неколку века. Сепак, поборниците на теориите на заговор тврдат дека камената порта не е од природно потекло и дека е направена од некоја понапредна цивилизација што ја посетила земјата.
Сомнежите ги разбуди локалната легенда, која е пренесена тука со генерации, која вели дека тоа е „Ерликова Порта“. Според легендата, Ерлик бил џуџе и владетел на Долниот свет. Тој ноќе излегувал да лови човечки души , а се враќал наутро низ камената порта.
Застапниците на теоријата на античките вонземски цивилизации тврдат дека Ерлик всушност бил претставник на многу развиена цивилизација и чии претставници од луѓето биле нарекувани богови во тоа време. Вратата, тврдат тие, била портал кон паралелен свет, а легендата за Ерликкоја краде човечки души,е толкувана од многумина како приказна за киднапирање на луѓе од страна на вонземјани.
Сличен феномен постои и во Перу, во близина на езерото Титикака. Араму Муру – мистериозна „врата“ врежана во карпа, која исто така се нарекува „Порта на боговите“, се смета за портал на паралелен свет. Според легендата, зад вратата се крие „Златен град“.