Свет

Путин: Русија ги надминува другите земји во развојот на напредно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата земја, за прв пат во историјата, ги надмина другите земји во однос на напредниот развој на оружјето.

Владимир Путин побара да се следи распоредувањето американски ракети со среден и краток дострел низ целиот свет, пред се во Европа и азиско-пацифичкиот регион, но исто така е подготвен да работи на нови договори за контрола на оружјето.„Русија е единствената земја во светот која има хиперсонично оружје. За прв пат во историјата, ние го водиме развојот на нов вид оружје, бидејќи секогаш заостанувавме зад Соединетите држави. Ако сакаме да бидеме победници, нашата опрема мора да биде подобра од таа на другите земји.Мора да биде најдобра “Изјави Путин.

Related posts

Leave a Comment