Колумни

Виолета Петковска член на И.О Родина Македонија : Каракачанов на сред Битола си ги избриша окупаторските фашистички чизми со Македонија и македонската вистина за своите дејци и револуционери!

Каракачанов на сред Битола си ги избриша окупаторските фашистички чизми со Македонија и македонската вистина за своите дејци и револуционери!

Во крвта им тече фашистичкиот окупаторски ген, еднаш џелат и окупатор, секогаш џелат и окупатор.. Туку, не е виновен тој, виновен е рекетарот кој дозволи слободен проток на безредие, територија кај што сегашни и бивши фашистички орди можат на македонскиот простор и од небо и од земја да дојдат и да присвојуваат, да дојдат и тука, дома да не омаловажуваат најпростачки и најпонизно и за тоа влакно да не им фали!

Под изговор име за Еу и НАТО, го раскопаа длабоко македонското ткиво и таа зараза се шири со брзина на светлината, гриза, јаде и крвари. Македонија е парчосана, разнебитена од своите, на Еу и беше целта само да ја разнебити Македонија, за да го постигне тоа и требаше монструмот Заев со предавничката свита, а државите околу ги осоколи и ги накоми на насилничко грабање на бесценетото македонско историско минато. Сеуште отвореното македонско прашање да го сведе при крај со преспанскиот и бугарскиот договор со тиранската платформа, а крајната цел по обезличувањето да биде територијално поделена помеѓу фашистичките окупаторски соседни држави.

А членството во Еу не и е ниту на памет на унијата да не прими,бидејки одат на карта да не постои Македонија и според тоа ниту ќе имаат таква држава да зачленуваат. Како не им е јасно на сите, Македонија не постои за глобалофашистичките империјалустички сили и кого да зачленат, нивниот план е бришење, а не воскревање и помош на мала балканска држава да постои, да се развива и да расне економски! Да биде ценета и респектирана баш дека е прастара држава, со древен најстар народ, со богата историја, култура и традиција, богато фолклорно наследство и чист македонски идентитет, народ препознатлив по творење, мирољубив ген(без мутираните алчни предавници македонци, денес северџани) гостопримлив и народ со особена уметничка дарба на македонската ширина, со плодна македонска почва која раѓа највкусни и најквалитетни родови итн!

А најболната вистина е што историјата ги бележела и револуционерите кои со живот ја плаќале слободата на Македонија и сега џелатите од околните држави со амин на нискосвесниот умоболен сељак од Муртино, со комплекс на мали Бог, полиглота и мајтап-мен за комичарите, дозволи Македонија од света библиска прастара татковина да биде на маргините и како партал послана секој да си ги забрише фашистичките окупаторски чизми да влезе и со присила насилно да одземе од историските вредности, во чија историја бугарските фашисти и тогаш и сега биле најкрволочните душмани од кои ги трпеле македонците најсуровите ѕверства и измачувања.

Во таа окупација ниту децата не биле поштедени, и тие сеуште неродените кои биле во утробите на своите мајки, ги ваделе и се изживувале, ги силувале мајките и им ги ваделе очите на крај, за да не ги видат чинителите на бруталното ѕверство! Е, тие ѕверови денес викаат вие сте Македонски бугари, ние сме ваши ослободители, зборувате бугарски и Гоце е син бугарски! На македонско тло слободно си доаѓаат да промовираат книга кај што зборуваат за нашите дејци дека се нивни дејци и револуционери! Македонци, сакам ова да ви го кажам, јасно е кој прв почна да ја разнебитува Македонија, кој беше соучесник и му помагаше на муртинскиот сељак да не брише..

Но, искрено ќе ви кажам, за се што ни се случи и од Заев и од Мицковски на крај ние народот си ја сносиме најголемата одговорност бидрјки и ние со молк и пасивност го дозволувме нашето сопствено разнебитување! Фб, ги уби револуционерите во нас, мислевте дека седејки дома и со коментари и мудрување со пишување постови за осуда и плукање, пцуење и кажување како треба, водевте битки. Не, таму не се водат битките, фб е само една можност за информурање, договарање и апели за излегување на протести. А, не и водење правди и востанија! Можност да се откриваат вистините на обичниот човек кој е игнориран од телевизиите и не држат во ТВ мрак, да не се скушне негодувањето и гласит на народот кој не ја признава *северна, неоравдите при судење и одземање на било какви права!

Еден ден многу ќе жалите дека можевте, а ништо не сторивте! Сепак, надежта за враќање на Македонија, последна умира, се што сега можеме на крај и за последен пат да направиме е да ги избришеме дека постојат двете зла кои преку партиско делување не избришаа, да не ги гласаме.!! Верувајте, за слобода ни треба само братско обединување и трета патриотска опција, да ги здружиме силите со обединување на сите партии, здруженија и поединци. Само така ќе ги победиме тие кои не лажат дека Еу и НАТО се поважни од постоењето на Македонија! Еу ја избриша Македонија, и нема, не постои за неа таква држава за членство! Затоа, да ги надмудриме и да одбереме слобода за Македонија!!

 

Виолета Петковска член на И.О Родина Македонија

Related posts

Leave a Comment