Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Пошта да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор. Во краткото соопштение од Владата не се наведува ниту збор зошто била донесена ваква одлука.
За нов претседател на Управниот одбор и генерален директор, од Надзорниот одбор се бара да го избере Васко Стефанов, досегашен заменик-директор на Агенција за вработување.