Колумни

ВЛАДИМИР ТРАЈКОВСКИ : КУЧИЊАТА ЛААТ А КАРВАНОТ СИ ВРВИ,НА ФЕЈСБУК РЕЖИМ НЕ СЕ БУТА

Кучињата лаат а карванот си врви.Поговорка која најсликовито ја опишува моменталната ситуација во земјата на апсурдите која се претвори во касино во кое еден од играчите игра ,,all in” со неа,со нејзината историја,углед,достоинство и животот на нејзините граѓани.

Проблемот не е во овој провинциски играч ала ,,Божа звани Пуб” ,туку во оние кои се уште му дозволуваат бесконечен дотур на чипови и не прават ништо да го спречат дилерот на картите да му дели адути во рака на залетаниот полуаматер во партијата покер наречена политика.За жал,во улога на крупиер или делач на карти во виртуелното касино Македонија,се јавува лидерот на најголемата опозициска партија, кој наместо да го смени малерозниот шпил,продолжува да дели од истиот, во надеж дека нашиот Божа ала Зоки,ќе се умори од партијата која  веќе  трета година се игра и ќе му понуди замена на местата.

Колку сево ова да изгледа апсурдно и бизарно,сепак се случува со брзина на филмска лента.

А што правиме ние за да го спречиме ова коцкање со нашата чест? Ќе продолжиме и понатаму да го гледаме преносот од оваа партија покер удобно сместени во нашите удобни фотељи ?

Или освен емотивни изливи на револт по социјалните мрежи ќе превземеме конкретни чекори?

Нездоволството од погубните политики на таканаречената власт но за жал и од опозицијата, е повеќе од видливо.Лебди во загадениот воздух.И малите деца ја чувствуваат трулежта на нашето секојдневие.Не треба да се биде мудрец за да се констатира дека тоа незадоволство треба да се канализира и насочи во правец на создавање на кинетичка сила која ќе ги помести работите од мртва точка.Но како?Со глумење патриотизам, на фејсбук стрим во живо, каде во траорна атмосфера од вашата спална соба надополнета со патриотска музика во позадина ќе ги повторувате истите работи секојднево без да понудите едно конкретно решение?Или желбата за самореализација ве заслепила па од гранките неможете да ја видите шумата во која волкот веќе одамна ја изел црвенкапа.Секојдневно се појавуваат таканаречени спасители и самопрогласени лидери кои во своите настапи чиниш Крале Марко би го изеле за појадок, но за жал, истите тие неможат да придвижат ниту педесет луѓе со нивната еуфорична реторика кон промена на режимот.Други ,глумат совет на мудреци, па наместо да дејствуваат, сеуште анализираат дали излегување на избори било предавство и признавање на северна.Па луѓе мои ако за вас е предавство да се порази режимот на северна на избори тогаш и вие сте предавници и учесници во бетонирањето на северната творба затоа што земате плата од институциите на истата,плаќате даноци на истата,го полните нејзиниот буџет,ги праќате вашите деца во училиштата кои ги организира северна со наставна програма во која во учебниците од ден на ден се брише секое сеќавање на Македонија,со еден збор,вие ја одрдржувате во живот.Или бојкотирајте ја северна во сите сегменти или не правете штета на тие кои имаат храброст да се соберат и да ја поразат северна на избори.Или ајде на улица,ама не дваесет колку што до сега успевавте да привлечете,туку стотици илјади луѓе, па да има резултат од таквиот начин на борба.Но тоа е практички невозможно особено после маестралната режија на 27 април кога власта и опозицијата синхронизирано ја убија волјата на граѓаните за таков начин на изразување револт.Оваа нелегитимна власт може да се порази само на избори во коалиција со народот,истиот народ кој успешно го бојкотираше референдумот за името а подоцна и претседателските избори.Да,токму народот треба да биде тој кој што ќе ги промени работите на подобро.Не таканаречените самопрогласени лидери или ,,интелектуалци” кои освен еден тон колумни во изминативе 4 години не понудија ништо квалитетно,а веќе после еден ден од како беа обзнанети предвремените избори се истрчаа по социјалните мрежи како идни можни носители на изборните листи.Не другари,не оди така,имавте безброј шанси во изминатиов период да понудите решение, но вие не го сторивте тоа,така да ќе ве замолам да стоите понастрана и да му оставите на народот кој е се само не глупав,да одлучи и процени кој е достоен да го претставува.Се обраќам и до оние виртуелни ,,херои” од социјалните мрежи кои се полни со статуси на патриотизам а за жал лицето никогаш не сме им го виделе и незнаеме кои се во реалност,дека на Фејсбук режим не се бута,па затоа бујрум во реалниот свет и понудете го најдоброто од вас за заедничко добро.Ако и сега не ја прекинеме партијата покер на коцкарот Зоки и дилерот Мицко со сомнителен шпил карти отпечатен во некое белосветско дувло од типот на Аденауер или Сорос,тогаш дефинитивно не заслужуваме подобра иднина.Но, сепак верувам во мудроста на Македонецот,во неговата чудна способност за трансформација од состојба на безизлезност во состојба на триумф и самоиздигнување.Македонецот ќе процени кој е продавач на магли а кој ќе го поведе во нов АСНОМ и ќе му ја врати вербата во достоинствена иднина.Крвта на предците кои ги положија животите за ова парче земја не обврзуваат на тоа.Ниту една сила од надвор,ниту една УДБА (која веќе се инфилтрира во редовите на патриотските движења) нема да не поколеба од патот на враќање на Македонија на Македонците и сите лојални граѓани кои немаат друга резервна татковина.Нам не ни требаат 81 пратеници за укинување на преспанскиот криминал.Криминал се третира во легитимен суд,а се што е донесено со криминал се поништува за еден ден.Се што нелигитимна власт на лист хартија договорила на штета на државата е неважечко и се брише со еден потег со гумичка за бришење,а на оние кои ги направиле таквите дејстава,се знае каде им е местото. Ги повикувам сите искрени патриотски здруженија и поединци во Македонија и дијаспората,да се сплотиме и во општ фронт со народот,го поразиме злото на северна.Никогаш северна,само Македонија.

Владимир Трајковски

Авторот е член на И.О. на РОДИНА

 

Related posts

Leave a Comment