Колумни

ВЛАДИМИР ТРАЈКОВСКИ: РЕЗИЛУЦИЈА НА ЦРВЕНИТЕ ЛИНИИ!

На вчерашното кабаре организирано од ДПНЕ И СМРДШ недостасуваа уште само зурли и тапани кои би ја одсвиреле песната ОпТан Топтан Кисело Млеко, оти топтан не продадоа, ни останаа само скинати гаќи кои еве сега тие заеднички ќе ни ги спасувале.

Само таква ретардирана песна може да го објасни овој фројдовски синдром на 120 болни умови кои ете во даден момент прават сопствен супер херојски еготрип во стилот на Captain Amerika нели, уште под ЕУфорија од 4 јули, денот на нивните камшикари, докажувајќи дека дебело ги удрил стокхолмскиот синдром.

Циркузот е уште поголем од фактот дека главните кловнови во преставата, пред само три години немаа црвени национални линии, немаа ниту жолти ни зелени, ама затоа имаат линии во боите на виножитото кои ,,ГОРДО” ги истакнуваат на циркуските паради од кои секој паметен се срами.

Секој еден здраво мислечки ентитет, овој циркус го толкува само како предизборен маркетиншки трик изведен во стилот сложни попови и во петок мрсат(ова од религиски аспект ќе да е), а за да да има трошка на атеизам, кој би ги задоволил апетитите на ,,пролетери од сите земји обединете се”, се погрижија марксистите и ленинистите на несудениот гемиџија од Али Експрес, нели, цело е кога има се, турлитавата е вкусна само ако ставиш најразлични мирудии и зарзавати и полесно ќе ја свариш.

Е сега се поставува главното прашање, дали новоосознаениве комити и партизани, ќе ги прошират црвените линии и на преспанскиот договор и на тиранската платформа? Дали во екот на патриотската еуфорија ќе им текне да го поништат срамниот договор од Нивице? Ќе им текне ли конечно да се изјаснат за Македонци наместо за северни?

Ајде дечки на вас е, една епизода не прави хит сапуница, за тоа ви се потребни стотина епизоди како би го задржале вниманието на публиката, но за жал, за такво нешто треба да си го замените режисерот, наместо од Калето и од Конрад Аденауер би требало да го најдете кај Македонецот кој вие 30 години го понижувате на секој можен начин. Ниедна Резо(И)луција нема да ве спаси од поразот кој ви претстои, Македонецот е се само не глупав и со сто процентна сигурност можам да ви предвидам торнадо во Октомври, кое ќе ве детронизира од Македонската политичка а богами и историска сцена!

Владимир Трајковски

Related posts

Leave a Comment