Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја достави иницијативата до ДИК – Мицкоски и самиот не е сигурен дали ќе успее да се одржи референдумот

И официјално ВМРО-ДПМНЕ ја започна постапката за иницијативата за собирање потписи за распишување референдум откако напладне ја достави до Државната изборна комисија, претседателот на партијата Христијан Мицкоски ја поднесе иницијативата за да се организира собирање на 100 потписи со кои што ќе биде доставена до Собранието, на која рече дека самиот тој прв ќе се потпише. Стравува ли Мицкоски дека референдумот нема да помине во парламентот, откако веќе најголем дел од пратеничките групи се изјаснија дека не го поддржуваат. Тој самиот на два пати изрази сомнеж дали ќе се случи референдумот.

„Ја поднесовме граѓанската иницијатива со референдумското прашање – Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Нормално доколку референдумот се случи, тогаш граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат со За, подразбира дека на тој начин престанува да важи овој Договор со Република Бугарија или против, односно останува да важи овој Договор со Република Бугарија.  Се надевам дека во најскоро време ќе бидат собрани тие 150 илјади потписи доколку дојдеме до таа фаза се разбира“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Related posts

Leave a Comment