Регион

Вонредна вест : Голем пожар на музички фестивал во Хрватска (Видео)

 

 

Учесници на Фестивалот снимија огромен пожар во близина на  на плажата Зрче, на островот Паг, во Хрватска.

Според весникот “Дејли мирор”, повикувајќи се на очевидци, најмалку еден клуб е евакуиран. Посетителите на фестивалот ги споделија видео-снимките на кои се гледа чад  што се издига од пожарот на плажата Зрче.

https://twitter.com/9bills/status/1150911626847170560

Еден од клиповите покажува дека луѓето брзаат да побегнат далеку од огромниот пожар.

Нема извештаи за жртви. Според медиумскиот магазин со седиште во Велика Британија, годишниот фестивал, која започна во 2012 година, стана најголем фестивал на хип-хоп музиката во Европа, носејќи ги најголемите ѕвезди на овој жанр. Американскиот рапер Тига, наводно, се очекува да го најави музичкиот фестивал оваа година, кој се одвива на три различни локации по должината на плажата на островот Паг.

Според извештајот на Daily Mirror, илјадници туристи од Велика Британија оваа година присуствуваат на музичката забава.

Related posts

Leave a Comment