Македонија

Во градинките во Австралија ќе може да се учи македонскиот јазик

Image result for македонци во австралија

 

Од следната година во градинките во Нов Јужен Велс, Австралија, ќе може да се учи македонскиот јазик, пренесе Матицата на иселеници.

Со оваа образовна програма ќе бидат опфатени децата од градинките до возраст од 12 години. Во новата јазична програма покрај македонскиот јазик ќе се учат и јазиците хинди и персискиот, објави телевизија Си-би-ес.

Ова е одраз и на лепезата од странски јазици кои се говорат во Нов Јужен Велс, но и во останатите делови на Австралија. Од тие причини се размислува и за воведување учење втор јазик во образовниот систем во Нов Јужен Велс.

Австралиското Министерство за надворешни работи, претставници на македонската дијаспора и научници од повеќе австралиски универзитети изработиле досега најобемно истражување на македонската дијаспора во Австралија кој беше промовиран вчера во австралискиот Парламент.

– Стоилјадната македонска заедница ја збогатува Австралија уште од 1880ите години, и претставува основа на нашите односи со Македонија, изјави на промоцијата на извештајот Ричард Марлес, парламентарен секретар за надворешни односи и односи со пацифичките острови.

Истражувањето било извршено над 1.083 испитаници од сите делови на Австралија. Во своите политички активности во Австралија, мнозинството испитаници каж

Related posts

Leave a Comment