РегионСвет

Во Еврос тензично. Ердоган непоколеблив- ми се јавуваат,но доцна е

Граничните тензии се зголемуваат бидејќи бегалците и мигрантите се обидуваат да влезат во Грција

Refugees and migrants in Evros. Photo Credit: George Sinapidis / Greek Reporte

Спред грчките медиуми, во моментов на границата со Грција има 15.000 мигранти коишто фрлаат солзавци  ‘ од турско производство‘ кон  полицијата.

По заострувањето на ситуацијата во Идлиб, Сирија и откако Турција ги отвори своите граници со ЕУ, натаму  веднаш се упатија илјадници мигранти.

Во изминатите три дена,  Грција се соочува со  околу 20.000 обиди за преминување на границата, каде што се наоѓаат стотина полицајци и војници.

Претходно, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дедијас изјави дека Турција води кампања за дезинформација и зборува за десетици илјади мигранти кои влегле во Грција, што не е точно.

Турскиот министер за полиција Сулејман Сојлу, вчера изјави  дека над 76.000 мигранти ја преминале границата.

Грција во неделата побара дополнителна помош од Фронтекс, по што европска агенција испрати засилување до грчко-турската граница

Според германскиот весник Велт кој тврди дека има пристап до внатрешен извештај на „Фронтекс“ за состојбата на грчко-турската граница,  за очекување е ситуацијата да се влоши.

Ќе биде тешко да се запре масивниот прилив на луѓе кои тргнуваат на патувањето“, се вели во извештајот на „Фронтекс“.Притисокот врз надворешните граници на ЕУ се очекува да се засили дури и откако турските власти повторно го стопираат движењето на мигрантите.

Predsednik Turske Redžep Tajip Erdogan

Турција нема да ги затвори своите граници со ЕУ за сириските бегалци, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

“Тие ме повикуваат и ми велат, затворете ги границите. Им велам: доцна е. Западот треба да го сподели теретот на одговорност за бегалците. Денес ќе имам средба со премиерот на Бугарија, утре ќе се сретнам со Меркел. На агендата има 4-5 самити за Сирија”,  рече Ердоган, зборувајќи во Анкара, од Спутник.

 

 

 

 

Related posts

Leave a Comment