Свет

Ердоган : Ова е само почеток

Фото: ЕПА-ЕФЕ Мурат Кула

Сириската армија, наводно, изгубила повеќе од 2.500 војници, како и десетици тенкови и оклопни возила во бројните турски напади.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека ова е „само почеток“ и дека Турција сè уште не ја покажала својата вистинска сила, јави  Раша Тудеј.

„Само што почнавме да ја покажуваме нашата вистинска сила“, рече Ердоган, додавајќи дека многумина сметале дека Турција е слаба затоа што не сака да „пролева крв“.

Според него, човечките жртви и техничките загуби на сириската армија се само почеток. Едроган ги објави загубите на сириската армија, велејќи дека  Сирија изгубила 2.557 војници и припадници на армијата, 135 тенкови, како и десетици топови, повеќе ракетни системи и противвоздушни системи.

Покрај заканата кон Дамаск, Ердоган апелираше до Москва и Техеран поради поддршката кон сирискиот претседател Башар ел Асад.

“Ги повикувам Русија и Иран уште еднаш. Немаме проблем со вас. Ние се бориме да го решиме проблемот со хуманитарната криза предизвикана од милиони луѓе што влегуваат во нашата земја од Сирија, да ја задржимебезбедноста на нашата територија “, рече Ердоган.

Сирија неодамна го затвори воздушниот простор над северозападниот дел на земјата, вклучувајќи ја и провинцијата Идлиб и го прогласи секој авион кој нема да ја почитува одлуката за непријателска цел.

рускиот центар за помирување ја посочи дека Сириската воздушна одбрана не може да ја гарантира безбедноста на кој било турски авион во вакви околности.

Related posts

Leave a Comment