Свет

Во Ирска, во ресторани можат да одат само оние кои биле вакцинирани против корона

The Best Irish Pubs in America

Ирска ќе ги ограничи посетите на баровите и рестораните само на луѓе кои биле целосно вакцинирани или кои го поминале Ковид 19, изјави денеска премиерот Мајкл Мартин.

Тој изјави дека рестораните и другите институции каде што се служи храна внатре нема да бидат отворени следната недела, како што е планирано, сè додека не се воведе нов систем за потврда на вакцинацијата.

Овој потег е дел од повнимателен пристап кон олеснување на ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирусот и загриженост за ширење на „делта“ варијантата на истиот.

„Враќањето кон другите активности во затворено, вклучително и угостителството, засега ќе биде суспендирано поради можното проширување на варијантата` делта` “, рече Мартин.

Тој додаде дека најбезбеден начин сега е повторно отворање ресторани со ограничување на пристапот само на луѓе кои биле вакцинирани или прележале Covid 19.

Ирска ќе биде една од првите европски земји што воведе ваква мерка. Москва воведе слична мерка вчера.

Баровите, рестораните и кафулињата се затворени во Ирска веќе 16 месеци. Бавчите на рестораните и кафулињата се отворени од 7 јуни.

Related posts

Leave a Comment