Свет

Во Мариупол се предадоа 267 украински маринци(ВИДЕО)

Откако вчера руската армија ги повика преостанатите украински бранители на Мариупол да се предадат и да го положат оружјето во 6 часот и да ги спасат своите животи, утринава повеќе од 250 украински војници се предале во тој пристанишен град на брегот на Азовското Море. Според некои извештаи, тие ја бранеле фабриката Азовстал . 

Како што подоцна напиша шефот на Чеченската република Рамзан Кадиров на својата страница на каналот Телеграм, семејствата на маринците повеќе не треба да се грижат за нив.

 

„Овие војници донесоа правилна одлука и сега се целосно безбедни.

Русија повторно ги повика сите преостанати украински војници кои сега се во Мариупол да ги прекинат воените дејствија и да го напуштат градот по договорената рута во правец на Запорожје до териториите контролирани од Киев. Ова го изјави шефот на Националниот центар за одбранбена контрола на Русија Михаил Мизинцев.

Според неговите зборови, сите што го положиле оружјето ќе си ги спасат своите животи.

Се предлага да се воспостави постојана комуникација меѓу руската и украинската страна за да се разменуваат информации меѓу себе денеска од 9 часот.

Од 09:30 часот руската армија, силите на ДНР и украинската армија прогласуваат „режим на целосна тишина“. Од 10 до 13 часот ќе се спроведе „излез на сите украински вооружени единици и странски платеници, без оружје и муниција“.

Related posts

Leave a Comment