Македонија

ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ СЕ НОСИТЕЛИ НА НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ ВО ДРЖАВАТА

Image result for little hidro electrans

ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ СЕ НОСИТЕЛИ НА НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ ВО ДРЖАВАТА

Согласно на https://bankwatch.org/wp-content/uploads/2019/09/who-pays-who-profits.pdf

До 2009 година Република Северна Македонија веќе имаше 38,6 MW инсталиран капацитет на хидроцентралите под прагот од 10 MW. Заклучно со 31 декември 2018 година имаше 79 нови постројки, донесувајќи го вкупниот број на 96 централи со инсталиран капацитет од 106.3 MW. Не помалку од 30 мали хидроцентрали(МХЕ) моментално се во изградба, со вкупно инсталиран капацитет од 34,06 MW, и се очекува да бидат ставени во употреба до 2021година.
Во 2018 година, субвенционираните мали хидроцентрали произведуваа 3,9% од електрична енергија на Република Северна Македонија, заедно со уште 3 проценти од постарите мали централи во сопственост на ЕВН.
Република Северна Македонија беше релативно ран стартира со изградба на ветерници кај Богданци, која се стави во употреба во 2015 година, но нејзиниот понатамошен развој на енергија добиена од ветер и сонце тогаш стагнираше за неколку години. Иако има некои ветувачки знаци дека Владата планира да ја зголеми употребата на енергијата добиена од ветер и сонце преку аукции, нејзината заложба за зголемување на предноста само на хидроенергијата (види подолу) отвара прашања за одржливоста и интегритетот на нејзините планови.
Колку не чинат?
Согласно на Операторот на системот за пренос на електрична енергија на Р.Македонија (МЕПСО), повластените производители добија субвенции во вкупен износ од 152.753.984 ЕУР за периодот 2010-2018 година (види Табела 15 подолу). Во 2018 година, 42% од субвенциите беа дадени за мали хидроцентрали.
Малиот бум во Република Северна Македонија е тесно поврзана со актуелниот(сега бивш) вицепремиер за економски работи – Кочо Анѓушев. Тој е голем акционер во ФЕРОИНВЕСТ – компанија за чадори и истиот е сопственик на најмалку 27(29 во 2019година) мали хидроцентрали, на компанија за проектирање на хидроцентрали, компанија за продажба и производство на турбини и компанија за одржување на мали хидроцентрали. Во малите хидроцентрали на компанијата се вклучуваат и Брајчинска река 1 – скандалозен проект во Националниот парк Пелистер кој го оштети живеалиштето на ендемската и загрозена Преспанска пастрмка, како и планирана каскада на реката Жировничка во Националниот парк Маврово. Овој проект се заканува на изворот на водата за пиење наменето за селото кое е сместено низводно, и се наоѓа помеѓу планираниот канал за внес на вода и куќичката на електричната централа.
За нејзините централи кои што се веќе во оперативна употреба, засновано на годишното производство на електрична енергија, како што е наведено на веб-страницата на самата компанија, ФЕРОИНВЕСТ добива приближно 3,5 милиони ЕУР од повластените тарифи на годишно ниво(види Анекс 3).
Во исто време, Анѓушев и неговиот кабинет тесно се вклучени во изготвувањето и подготовка на законодавство(Министерството за економија) за спроведување во врска со искористување на извори од обновлива енергија и енергија воопшто. Во пролетта 2019 г. Државната комисија за спречување на Корупцијата отвори случај да истражи како ФЕРОИНВЕСТ ги доби правата за користење на земјиштето за изградба на малите хидроцентрали Тополки засновано на наводи дека по пат на директен договор беше потпишан Договор наместо да се спроведе јавен тендер.
Случајот беше отворен и истрагата беше во тек, но веќе на 11 јуни 2019 г. Владата го одобри оспорениот договор за користење на земјиште. Ако се изградат трите Тополка мали хидроцентрали, повластените тарифи што ги добива компанијата ќе се зголеми за околу 850,000 – 1.000.000 евра годишно.
Актуелниот претседател на најголемите опозициска партија – Христијан Мицкоски – преку неговата компанија Енерготек доби барем 5 концесии за мали хидроцентрали и 33.000 квадратни метри земјиште во државна сопственост за да ги изгради истите. Ова се случи во време на период кога тој беше директор во државната компанија за производство на електрична енергија ЕЛЕМ (сега ЕСМ) и советник за енергија на тогашниот Премиер Никола Груевски.
Другиот забележителен сопственик на истата компанија е Димитар Димески – член на кабинетот на тогашниот министер за транспорт и врски (министерството одговорно за издавање на градежни дозволи) .
Христијан Мицковски е сеуште под истрага од страна на Државната комисија за спречување на Корупција за постапката во која тој се стекна со концесии за МХЕ и државно земјиште за градење на истите.
Други добро воспоставени бизнисмени вклучени во дејност со во малите хидроцентрали се браќа Ѓоко и Зоран Стерјоски – сопственици на најголемата спортска обложувалница во Македонија-Спорт Лајф. Истите имаат и три други компании: ЈЕС Глобал – регистрирана како транспортна компанија; ДЗС Актуел Ѓоко – регистрирана како компанија за трговија со храна, пијалоци и тутун и ДЗСП Актуел – регистрирана како а компанија за трговија со зрна, тутун и храна за добиток.
Преку овие три компании, и со малку или никакво искуство во градежништвото и енергетскиот сектор, браќата Стерјоски добија концесии за најмалк у 12 мали хидроцентрали. Некои од нив се доста контроверзни, како Тресонечка и Рибничка во Националниот парк Маврово и Крапска во областа на Јакупица и веќе привлекоа многу негативно внимание околу лошо изведените градежни и оперативни работи. Градежни работи на Рибница требаше да започнат во текот на летото 2019 година, но нејзиниот статус досега е нејасен.
Од 79 оперативни мали хидроцентрали добивање повластена тарифа, како што може да се види од погоре, најмалку една третина од нив се во сопственост овие три субјекти. Неколку централи се во изградба, а некои од компаниите се сè уште добиваат нови концесии.
Промена во погрешна насока на системот за субвенции во Република Северна Македонија
Во 2018 година македонската влада донесе нов Закон за енергетика, отворајќи го патот за воведување аукции за обновлива енергија. Подоцна есента, кога нацртите на секундарната легислатива за спроведување на субвенции за обновливи извори беа јавно објавени, стана јасно дека за сите обновливите извори на енергија не се создаваат еднакви услови за субвенции.
Во Нацртот текстот на Уредбата за мерките за поддршка за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија сè уште се дозволи методологијата прв дојден прв услужен со повластени фидинг тарифи за МХЕ, биогас и биомаса(спротивно на ЕУ Препораките), но само фидинг премиуми за ветерна и соларна енергија.
Покрај тоа, во придружната Одлука на вкупниот инсталиран капацитет на производителите со повластена електрична енергија нема ограничување(квоти) на вкупниот инсталиран капацитет за МХЕ кои можат да добиваат фидинг тарифи, додека квотите за биогас и биомаса е скоро исполнета, а ограничувањето за премиите за соларна енергија е 200 MW. Нема поддршка за сите за соларни инсталации кои се премногу мали да учествуваат на аукциите. Премиите за ветер се опфатени само според барањата на индивидуалните аукции.
Да бидат работите уште полоши, нивото на поддршка за МХЕ не е променета од 2007 година така што се чини дека субвенциите не се насочени за воспоставување на нов пазар, туку за поддршка на секторот до бесконечност!
Еnvironmental Group и Еко-Свест ја сподели својата загриженост со Владата на Северџаните и Енергетската заедница, но во февруари 2019 година, Владата ја донесе Уредбата без никакви промени. По неуспешен обиди да се реши проблемот со националната(политизирана) Комисија за заштита на конкуренцијата, што треба да ги одобрува мерките на целата државна помош, Еко-Свест, заедно со Bankwatch, поднесе тужба до Секретаријатот на Енергетската заедница на 1 јули 2019 година

Related posts

Leave a Comment