Македонија

Да му помогнеме на ДПмНЕ да излезе на протести : По апелот на Латас отворена телефонска сметка за донации, донирајте на 69 69 69

После вчерашната емисија ,,Што не е јасно” во која новинарот Драган Павловиќ Латас јавно проговори за ситуацијата во ДПмНЕ и и разјасни на јавноста дека не излагањето на истата на протести се должи на немањето финансиски средства за такви скапи проекти(еден протест 200000 евра според Латас),загрижените граѓани веднаш реагираа и се организираа со отварање на телефонска линија за донации со кои ќе се наполни замрзнатата сметка на ДПмНЕ со салдо нула(според Латас),со надеж дека ќе се соберат доволно средства за протести(барем два-три )на кои ДПмНЕ би успеал да издејствува од домашниот и меѓународен фактор, на граѓаните на нашата држава да им се овозможи слободно да се нарекуваат македонци по дома,по слави и крштевки и евентуално додека се тушираат.Телефонскиот број на кој ќе може да донирате е 69 69 69 .

Related posts

Leave a Comment