ХРОНИКА

Во Струмица се случил вистински линч врз семејство, посочени синовите на газдата на маркетите Здравец

До нашата редакција пристигна писмо во кое се информира јавноста за вистински линч, кој деновиве се случил во Струмица, врз семејство од страна на криминални структури потпомогнати од локалната полиција. Писмото го објавуваме во целост.

 

Соопштение во врска со драмата што се одвиваше по улиците во Струмица утринските часови на 30.10.22

На ден 29.10.2022 година, во локал во Струмица, околу 23:30h, лице со иницијали А.Т од Струмица ја малтретирал, пцуел и физички и се заканувал на малолетната К.Ј ( 16 годишна) од Струмица. Во тој момент, таткото на К.Ј. славел роденден во ресторант и пратил негов братучед за да ја одведе во полициската станица за да пријави. Но, во тој момент, тројца браќа, синови на газдата на маркетите Здравец го нападнале и претепале на братучедот на таткото на К.Ј.

Околу полноќ, И.Ј. таткото на малолетната, заедно со неговата ќерка отишле во СВР Струмица и го пријавиле лицето А.Т. После тоа се вратиле во ресторантот, каде што продолжиле да го слават роденденот.

Кога тргнале да си одат накај дома, во 2:30h по полноќ на нивната улица, во непосредна близина на нивниот дом ги пречекала толпа од околу 15 лица и кога И.Ј. им се приближил тие му излегле на патот. Тој дал малку гас, тие се растргнале и се упатил кон неговата куќа. Но, во тој момент насобераните луѓе почнале да удираат по неговото возило. На околу 30м од местото на настанот имало полиција со униформа, И.Ј. прашал што се случува, а тие му рекле да оди во полиција и да пријави. Во возилото освен И.Ј. и неговата ќерка, била присутна и сопругата на И.Ј., а истотака и неговата внука.

И.Ј. продолжил да вози накај неговиот дом, но толпата луѓе почнале да трчат по возилото. И.Ј. продолжил да вози до следната раскрсница и завртел назад и видел дека повторно му излегле на патот пред возилото со палки и со пиштол, И.Ј. дал газ за да може да помине, притоа не повредил никој, затоа што толпата повторно се растргнала настрана. Во тој момент од страна на толпата биле испукани 2 истрела кон возилото. И.Ј. повторно застанал кај полицијата што била паркирана на првата раскрсница и тие повторно му рекле да се јави во полицијата и да продолжи да вози, затоа што толпата од луѓе повторно трчале накај неговото возило. И.Ј. продолжил да вози , но во еден момент го престигнале 4 џипови ( сив/ темно зелен, бел и црн Range Roveri и еден црн Alfa Romeo- кој го возела бугарска државјанка). 4- те возила почнале да го бркаат И.Ј. низ улиците во Струмица, му поставувале блокади на кружни текови и на т.н. осмица ( Бурчо), се со цел да го спречат да се упати накај полициската станица. Во текот на цело време додека ги бркале низ главните улици во Струмица, непрестано свирале со свирките, неколку пати некое од возилото го чукнал позади возилото на И.Ј., а во меѓувреме биле испукани уште 5 куршуми кон возилото на И.Ј. Додека бегал од напаѓачите И.Ј. и неговата внука три пати се јавиле на полицијата и ги пријавиле случувањата и секогаш го добиле истиот одговор, а тоа бил да стигнат до полициската станица. И.Ј. некако успеал да стигне на 100 метри пред полициската станица, каде го пресретнала и запрела полициска кола, со 3- ца униформирани лица. Тој побарал помош од нив, да повикат засилување, а тие му вршеле претрес на возилото. Притоа изјавиле дека се информирани дека И.Ј. и неговата фамилија се нападнатите. На инсистирањето од нападнатите да повикаат засилување, затоа што напаѓачите се повеќе од 15 лица, еден од полицајците дрско одговорил дека тој знае да си ја врши работата. Во тој момент пристигнал белиот џип, а лицата кои излегле од него биле запрени од страна на полицајците за да не ги нападнат физички на оштетените. Но, во истиот момент се спуштиле другите два џипа од другата страна и од едниот излегол со залет инспекторот Д.П. облечен во тренерки, монтка и патки, што укажува дека истиот не бил на работа, односно не извршувал службена дејност, кој факт подоцна го потврдиле и неговите колеги. Кога полицајците го виделе дотичниот инспектор се тргнале настрана и дозволиле да настане физичка пресметка.

Најпрво Д.П. со тупаници го нападнал на И.Ј. и веднаш сите напаѓачи, кои биле над 15 лица, почнале да ја напаѓаат цела фамилија на И.Ј. Со тупаници и со клоци, сите оштетени биле повредени и соборени на земја , а во секој момент минимум 5-6 лица го удирале на И. Ј.

и кога успеале да го совладат и да го соборат на земја, продолжиле со клоци да го удираат.
Потоа, инспекторот Д.П. наредил на полицајците да го приведат на И.Ј. наводно поради тоа што И.Ј. сакал да го прегази со возилото и го качил на хаубата. Тоа е тотална лага, која дотичниот инспектор ја измислил за да го прекрие своето кривично дело. Има цврсти докази, снимки од фиксни и од мобилни камери кои докажуваат дека инспекторот дал лажна изјава, но истите не се објавуваат затоа што истрагата е во тек. Инспекторот Д.П. нема никакви телесни повреди, а додека И.Ј. , според нашите сознанија, имал скршеница на рака и многу видливи и тешки повреди во пределот на лицето и главата.
Дотичниот инспектор, инаку многу познат на струмичата јавност како проблематична личност, која не се однесува ни малку како службено лице, има повеќе кривични пријави, во неговата кратка кариера и после конкретнава случка, прави притисоци насекаде да се сменат изјави, да се сменат лекарски извештаи и т.н. се со цел да се извлече од кривичните дела кои ги направил.
Од друга страна, дотичниот инспектор е штитеник на А.Т. , лице со многу дебело досие, тежок наркоман и сигурно му дава поткуп на инспекторот за да го штити толку. Инаку, А.Т. оддамна требаше да одговара за неговите кривични дела.
Правда во оваа држава треба и МОРА да има!!!

Related posts

Leave a Comment