Свет

Поранешниот премиер на Пакистан, Имран Кан застрелан

 

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан (архивска фотографија)

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан беше ранет во потколеницата при пукање врз неговиот конвој на истокот на земјата.

Нападот на конвојот на Имран Кан, во кој имаше стотина луѓе, се случи во Вазирабад, на речиси 200 километри од главниот град Исламабад.

Кан и неколку негови соработници се ранети, а има информации дека еден е убиен.

„Еден човек отвори оган со автоматско оружје. Неколку луѓе се ранети. Имран Кан исто така е повреден“, изјави за Ројтерс членот на партијата на Кан, Асад Умар .

Премиерот Шехбаз Шариф го осуди пукањето и му нареди на министерот за внатрешни работи веднаш да побара истрага.

Кан (70) водеше протестен марш кон Исламабад барајќи предвремени избори.

Откако беше соборен во април со парламентарно гласање, Кан одржува антивладини протести низ Пакистан.

Related posts

Leave a Comment