Свет

Во судирите помеѓу демонстрантите и полицијата во Бејрут повредени околу 400 лица, за денес најавени НОВИ протести

Протести во Бејрут

Околу 400 луѓе се повредени за време на судирот на либанските антивладини демонстранти и безбедносните сили во Бејрут, соопштија официјалните лица.

Црвениот крст и цивилната одбрана соопштија дека најмалку 377 лица биле пренесени во болници или биле лекувани на лице место.

Ова досега е најголем број на повредени од почетокот на протестите пред три месеци.

Деновиве се најавени нови протести во кои се повикува на соборување на владејачката политичка класа,  која граѓаните ја обвинија за корупција и неспособност.

Вчера демонстрантите ја гаѓаа полицијата со камења, саксии и други предмети, како што се сообраќајни знаци или гранки.

Полицијата одговорила со солзавец и водени топови. Десетици луѓе се уапсени.

Related posts

Leave a Comment