Свет

ВО УКРАИНА ЗАПОЧНАТ ЛОВ НА ЛУЃЕ: Службата за безбедност тргна по своите граѓани

Службата за безбедност на Украина (СБУ) започна со лов на граѓани кои сакаат да заминат во Русија, изјави началникот на Центарот за контрола на националната одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Михаил Мизинцев, пренесува РИА Новости.

На припадниците на службата за безбедност им беа дадени строги упатства да ги детектираат сите повици дење и ноќе, да спроведат масовни вкупни проверки, приведувања и апсења на Украинци кои сакаат да се евакуираат во соседната држава. Според Мизинцев, тоа се случило откако руската армија за време на воената операција го објавила бројот на луѓе кои сакаат да ја напуштат Украина и да заминат во Русија.

„Луѓето постојано се принудени да бараат изговори за нивната желба да добијат заштита во Русија“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Украинците и се обраќаат на руската армија, која пак им дава инструкции како понатаму. Им се препорачува веднаш да ги уништат можните контакти, појдовни повици и пораки кои можат да овозможат и најмало сомневање за луѓе во комуникација со координативниот штаб и други руски организации.

Мизинцев претходно изјави дека бројот на луѓе кои сакаат да се евакуираат од Украина во Русија е повеќе од 2,6 милиони.

Related posts

Leave a Comment