Свет

Германскиот канцелар Шолц: Путин постојано ми ја споменува поранешна Југославија

Олаф Шолц

Воената агресија против Украина би била сериозна грешка. Нема оправдување за распоредување повеќе од 100.000 војници на украинската граница, рече тој

Германскиот канцелар Олаф Шолц во саботата ја предупреди Русија дека воениот напад врз Украина ќе има тешки последици за Кремљ,.

Говорејќи на Минхенската безбедносна конференција за актуелните односи со Русија и аргументите на Москва за настаните во Украина, тој рече дека рускиот претседател постојано му ја споменувал поранешна Југославија. Шолц рече дека Русија нема потреба да се плаши за сопствената безбедност, ниту од заканата од НАТО, ниту од заканата од ЕУ, бидејќи тие не се закана.

– Сигурен сум дека не го поканивме Путин да го направи тоа што го прави. Да бидам јасен, НАТО не е агресивен, не треба да се грижите, ЕУ не е агресивна, не треба да се грижите. Тој го тврди спротивното, но на крајот од наша гледна точка секогаш е така. Секогаш кога ќе му го кажам ова, тој секогаш го користи аргументот за конфликтот во поранешна Југославија и вели дека НАТО таму бил агресивен и дека ги повредува луѓето кои не направиле ништо лошо – рече Шолц, додавајќи:

– Му одговарам дека тоа е геноцид што се обидовме да го спречиме и дека не треба да заборави дека луѓето од Западен Балкан сакаат да станат членки на ЕУ и дека не гледаат така на оваа ситуација. Затоа имаме различни мислења. И тогаш почнува да зборува за нешто што го нарекува геноцид во Донабас, што е смешно – истакна Шолц како одговор на прашањето на поранешниот американски сенатор Либерман.

Војна повторно и се заканува на Европа

– Воената агресија против Украина би била сериозна грешка. Нема оправдување за распоредување на повеќе од 100.000 војници на украинската граница, рече Шолц на Минхенската безбедносна конференција, додавајќи:

– Војната повторно и се заканува на Европа, а ризикот е неизбежен.

Шолц рече дека Русија ќе плати висока цена „политички, економски и геостратешки“ доколку ја нападне Украина. Сепак, тој нагласи дека се уште има простор за дипломатско решение на руско-украинската криза.

Подготвени сме за преговори

– Подготвени сме за преговори. Сепак, основните принципи не се за дискусија – рече Шолц.

Претходно оваа недела, Шолц ги посети Украина и Русија во дипломатски обид да помогне во намалувањето на ескалацијата на тензиите, додека западните разузнавачи предупредија дека руската инвазија на Украина е сè понеизбежна.

На безбедносната конференција во Минхен присуствуваат и американскиот потпретседател Камала Харис и украинскиот претседател Володимир Зеленски, но оваа година нема високи руски функционери. Конференцијата за безбедност во Минхен ќе трае од 18 до 20 февруари.

На маргините на конференцијата е планирана и средба на министрите за надворешни работи на Украина, Германија и Франција. Украина, Русија и НАТО се во фокусот на конференцијата, особено во сабота. Глобалните предизвици беа на дневен ред во петокот, а неделата е првенствено посветена на иднината на Европската унија.

Related posts

Leave a Comment