Свет

Модниот агент поврзан со Џефри Епштајн пронајден мртов во затворска келија

 

Францускиот моден агент поврзан со Џефри Епштајн бил пронајден мртов во петокот вечерта во затворска ќелија, објави париското обвинителство.

Жан-Лук Брунел (76) беше во притвор и го чекаше судењето под обвинение за силување малолетник и сексуално вознемирување.

Тој беше осомничен дека е вклучен во глобален синџир на педофили организиран од починатиот милијардер Епштајн, кој се самоуби во затвор додека го чекаше судењето за сексуални злосторства во 2019 година.

Американските обвинители го обвинија Брунел дека подведувал девојчиња за својот пријател.

Брунел беше уапсен во декември 2020 година на аеродромот Шарл де Гол во Париз додека се обидувал да се качи на авион за Сенегал.

Related posts

Leave a Comment