Свет

Германски Билд објави таен извештај : „Кина го измами светот, ја прикриваа короната“

Кина, наводно, го лажела светот за епидемијата на коронавирусот како би стекнала предност и ги купила сите резерви на заштитни маски на меѓународниот пазар пред тие да станат најбараниот производ. 

Кина ја прикривала епидемијата со цел прва да се вооружи со заштитна опрема

Така барем тврди американскиот таен извештај објавен од германскиот таблоид Билд. Станува збор за четири страници од таен извештај на Министерството за внатрешна безбедност на САД (ДХС), во кој се наведува дека Кина го измамила светот и ги прикривала информациите за коронавирусот со цел да се снабди со заштитна опрема пред остатокот од светот.

Неговата содржина сугерира дека Кина ја прикрила епидемијата на коронавирус, со цел да се снабди со санитетски производи, медицински материјали, вклучително и заштитни маски. Билд наведува дека Кина намерно ја минимизирала опасноста од вирусот на почетокот на јануари. Во исто време, тие значително го зголемија увозот на медицинска опрема и драстично го намалија извозот.

Пекинг намерно доцнеше со извештаите за купување и набавка на заштитна опрема

Во истиот извештај се вели дека Пекинг, со цел себе си неприметно да си осигура простор за маневар со купување на тие врсти производи, ги објави податоците за тоа со задоцнување. Нарачувале големи количини на заштитни маски, ракавици, хируршки престилки и други медицински материјали потребни за борба против ширењето на заразата. 

Исто така, никој во Светската здравствена организација (СЗО) не бил запознаен со развојот на настаните во Кина во време на почетокот на пандемијата. 

Кина ги замолчала лекарите кои ја предупредија јавноста во почетокот на јануари за појавата на нов вид коронавирус, пишува „Билд“.

Една од последиците на кинеското однесување е и недостигот на заштитна опрема на светските пазари, што ја отежна борбата против вирусот во земји како Италија и Шпанија, пишува „Билд“.

Трамп и САД жестоко ја обвинуваат Кина

Доналд Трамп и САД тврдат дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан, па дури и дека бил намерно пуштен во светот. Информации за тоа сè уште не се достапни во официјалните извештаи, иако американските разузнавачи ветија дека ќе ги објават веднаш штом ќе ја завршат истрагата. Дури и Трамп деновиве изјави дека има многу цврсти докази за кои ја поддржуваат оваа теорија, но дека не смее да ги изнесе во  јавност.

Кина одлучно ги отфрла ваквите приказни. Во извештајот на Министерството за внатрешна безбедност на САД, исто така, се предупредува и на ризични истражувања во лабораторија во Вухан, каде во декември наводно се појавил новиот вирус.

Помпео најавува дека САД ќе преземат одговорност

Посебно се истакнува фактот дека на 20 јануари, Кина го негираше пренесувањето на вирусот од човек на човек, иако податоците за тоа постоеја уште во декември минатата година. Кин исто така се обвинува за уништување на примероци од вирусот и за цензурира на научни публикации за вирусот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео најави дека САД ќе ја преземат одговорноста, заклучува Билд.

Related posts

Leave a Comment