Свет

Германски почитичар: Немаме морално право да ја критикуваме Русија

ГЕРМАНСКИ политичар од редовите на АфД во Бундестагот изјави дека неговата земја нема морална основа да го критикува кршењето на меѓународното право поради т.н. Косово.

Имено, шефот на надворешно политичкиот комитет на партијата, Петр Бистрон, на германските пратеници им рекол дека Германија нема морална основа за критикување на кршењето на меѓународното право кога е во прашање нападот на Русија врз Украина, бидејќи истото го направиле тие во однос на т.н. Косово.

Во изјавата за новинарите, Бистрон рече дека постои консензус на сите страни во Бундестагот дека тоа што го прави Русија е кршење на меѓународното право. Сепак, тој додаде дека има разлика во оценката и „гласноста“ на критиките.

„Ние од АфД сме на мислење дека некој може да биде критикуван за непочитување на правилата само ако самиот се придржува до правилата. Ние сме дел од Западот, кој аплаудираше или учествуваше во аплаузот. „Ни недостига морална основа да се критикува Русија за истото прекршување“, објасни Бистрон.

 

Related posts

Leave a Comment