Свет

Годишнина на 11.09 И нов список на ,,терористи” под санкции

 

ВАШИНГТОН – САД  воочи  18-годишнината од нападите на 11 септември, ојавија дека воведуваат санкции за голем број групи што ги смета за терористички.

Во овие групи спаѓаат палестинската група Хамас и Иранската револуционерна гарда.

„Постојат 15 лидери, поединци и субјекти поврзани со групи како што се Хамас, Ал Каеда, Исламска држава и Иранската револуционерна гарда“, се вели во изјавата на секретарот за финансии на САД Стивен Мнучин.

Мнучин истакна дека модернизираната извршна наредба за борба против тероризмот на Трамп, ги засилува американските овластувања кон финансиите на терористичките групи и нивните водачи.

Санкциите предвидуваат дека средствата на засегнатите во САД ќе бидат блокирани, а на американските граѓани ќе им биде забрането да имаат бизнис соработка со тие лица.

Related posts

Leave a Comment