Во голем пожар во пристаништето во Бар, во Црна Гора, изутринава изгореа неколку бродови, пренесува државниот тв сервис.
Пожарот избувнал во 5:20 минути, а горел рибарски брод сопственост на руски државјанин. Неофицијално, од таму огнот се проширил и на неколку поголеми бродови во околината.
Со четири возила и екипа од 11 члена во услови на силен ветер, пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот.
Полицијата е на местото на настанот и спроведува истрага.