Регион

Голем пожар во пристаниште во Бар, изгорени неколку бродови

 

Во голем пожар во пристаништето во Бар, во Црна Гора, изутринава изгореа неколку бродови, пренесува државниот тв сервис.

Пожарот избувнал во 5:20 минути, а горел рибарски брод сопственост на руски државјанин. Неофицијално, од таму огнот се проширил и на неколку поголеми бродови во околината.

Со четири возила и екипа од 11 члена во услови на силен ветер, пожарникарите успеаја да го локализираат пожарот.

Полицијата е на местото на настанот и спроведува истрага.

Related posts

Leave a Comment