Македонија

Граѓаните на Ченто на протест против третманот на наркозависниците во локалната поликлиника

 

Граѓаните на Ченто денес протестираат против одлуката на министерството за здравство наркозависниците да примаат терапија во нивната населба.Тие излегоа на протест по најавата на министерот за здравство Венко Филипче, дека дел од зависниците од амбулантата во Кисела Вода ќе бидат преместени во нивната населба.

Министерството одлучи пациентите кои се дел од програмата за третман и превенција на зависности од дрога ќе можат да добиваат метадонска терапија на пет локации кои им се најблиску до местото на живеење, односно во поликлиниката во населбата Ченто, во поликлиниката „Јане Сандански“, во Психијатриска болница-Скопје, на веќе познатата локација во општина Кисела Вода и во Градската општа болница „8 Септември“.

Related posts

Leave a Comment