Тенис

Гркот Циципас распали по Ѓоковиќ: Тој сите нас не прави будали!

Лицемерниот Грк заборави дека Новак го бранеше и кога сите го нападнаа дека отишол во тоалет и се консултирал со својот тренер.

Циципас истакнува дека протоколите за влез во Австралија и настап на Австралија опен биле јасни, но дека поединци, мислејќи на Новак, играат по свои правила, правејќи ги повеќето играчи будали.

Се чини дека не играат сите по правила. Мал процент од луѓето како да избираат свој пат, правејќи го мнозинството да изгледаат како будали… Особено откако АТП ги објави критериумите за влез во државата. Никој не мислеше дека може да дојде невакциниран и да не ги почитува протоколите што ми беа дадени.

Решив да одам и да бидам 100 проценти подготвен. Новак отиде по другиот пат, – рече Циципас и додаде:

Едниот начин е за секој играч, а статистиката вели дека 90 проценти од играчите се вакцинирани, едниот начин е да се почитуваат протоколите и да се вакцинираат и подготвени да се натпреваруваат, а другиот е оној избран од другите, што не е според правилата. .

Related posts

Leave a Comment