Свет

ГРЦИТЕ СЕ ОБРУКАА ЗА СИТЕ ПАРИ: 16,5 милиони евра треснаа на под – 9 години бараа слика на Пикасо, а сега им испадна (ВИДЕО)

Женската глава“ на познатиот шпански сликар Пабло Пикасо, која беше украдена од Националната галерија во Атина пред повеќе од девет години, беше пронајдена вчера, соопшти грчката полиција. Неименуван 49-годишник е осомничен за кражба.

Покрај сликата на Пикасо, пронајдена е и оштетена слика од 1905 година на холандскиот сликар Пит Мондријан.

Сликата на Пикасо вреди дури 16,5 милиони евра, но тој факт не спречи да им испадне на оние што ракуваа со неа. Се случи неочекуван инцидент, падна сликата на Пикасо.

Имено, пред обраќањето на министерот за култура беа прикажани две слики на помала полица за да можат јасно да се видат. Додека фоторепортерите ги снимаа кадрите, скапоцената слика на Пикасо падна од полицата.

Пикасо лично ја подари оваа слика, на која се наоѓа жена во неговиот препознатлив кубистички стил, на Националната галерија во Грција во 1949 година.

Тој рече дека подарокот, кој го насликал една деценија порано, е награда за отпорот на Грција кон нацистите за време на Втората светска војна.

Related posts

Leave a Comment