Свет

ГРЦИЈА И ФРАНЦИЈА на работ на задолжителна вакцинација, Мицотакис и Макрон им се закануваат на здравствените работници со суспензија доколку не се вакцинираат

Грција и Франција ќе воведат задолжителна вакцинација за здравствените работници. Само вакцинираните лица ќе имаат дозвола да влегуваат во барови, клубови, театри и кина во Грција, а во Франција се најавуваат ковид пропусници. Тоа е уште една во низата прекршувања на правото на избор и директен апартхејд и сегрегација.

Грција ќе воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за здравствените работници и персоналот во домовите за стари лица, објави премиерот Киријакос Мицотакис.

Вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 септември за здравствените работници, рече Мицотакис во говорот емитуван на телевизија.

Персоналот во домовите за стари лица треба да се вакцинира најдоцна до 16 август, а кој не сака, ќе биде привремено суспендиран од работа, предупреди тој.

Владата одлучи да ,,охрабри”, ние велиме уцени и застраши, повеќе луѓе да се вакцинираат бидејќи наводно “делта” сојот на коронавирусот се шири брзо,  откако наводносе покажало дека 99 проценти од пациентите на респираторите во болниците не биле вакцинирани, што е ноторна лага Од вторник вакцинацијата ќе биде возможна за деца на возраст од 15 до 17 години со вакцината „Фајзер“.

Три четвртини од Грците над 60 години сега се вакцинирани, рече премиерот. Во Грција, 4,3 милиони од 10,7 милиони жители се целосно вакцинирани.

„Земјата нема да се затвори поради ставовите на некои“, рече Мицотакис за оние кои тоа го бараат бидејќи падемијата повторно се шири.

Во Франција ковид 19 пропусници

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот вечерта изјави дека сите здравствени работници во Франција ќе треба да ја примат вакцината против ковид до 15 септември и ги повика сите сонародници да се вакцинираат што е можно поскоро.

Во говорот емитуван на телевизија, Макрон рече дека секој што сака да оди во ресторан, трговски центар или неколку други видови јавни места ќе мора да има „специјални пропусници за ковид-19“ – пренесува АП.

Сите вработени во здравствените установи, без разлика дали се медицински персонал или не, како и лицата кои се во контакт со ранливи лица, ќе мора да се вакцинираат.

„Тие ќе мора да бидат вакцинирани до 15 септември, а потоа ќе бидат применети санкции“, рече Макрон,.(директен фашизам)

Од август, здравствената пропусница ќе биде задолжителна во рестораните, кафулињата, во некои превозни средства, рече Макрон.

„Здравствената пропусница ќе се користи во кафулиња, ресторани, трговски центри, како и во болници, домови за стари лица, социјални институции, но и во авиони, возови и автобуси на долги релации, а само вакцинирани лица или лица со негативен тест ќе бидат во можност да ги користат “, рече францускиот претседател.

Тој рече дека за десет дена, таа пропусница ќе биде задолжителна во местата за забава и култура.

„Вирусот Делта“ на вирусот корона повторно (наводно) го зголемува бројот на инфекции во Франција, која штотуку ја започна летната сезона по долгоочекуваниот процес на повторно отворање.

Околу 40 проценти од населението во Франција е целосно вакцинирано.

Франција ги отвори ноќните клубови пред само три дена, првпат во последните 16 месеци, со што се стави крај на продолженото постепено враќање на нормалноста пред пандемијата, точно во време за летен одмор. Но, со зголемувањето на „вирусот делта“ низ цела Европа, повторно се воведуваат нови мерки.

Related posts

Leave a Comment