Регион

ГРЦИ УБИЕНИ ВО ДОНБАС: Атина му врачи протестна нота на украинскиот амбасадор

Украинскиот амбасадор во Атина Сергеј Шутенко е повикан во грчкото Министерство за надворешни работи, каде му е врачено протестно писмо поради инцидентот во Донбас во кој загинаа двајца етнички Грци, а уште двајца беа повредени.

„Тој бил информиран за сериозен инцидент што се случил во селото Гранитноје во источна Украина, во кој загинале и биле повредени етнички Грци“, соопшти прес-службата на грчкото МНР.

Грчкото Министерство за надворешни работи укажа на посебната грижа и потребата да се заштити грчката дијаспора, која настрада во конфликтот.

Грција бара и целосна истрага за инцидентот и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Како што претходно пишуваа проруските медиуми од Донбас, на 13 февруари двајца припадници на вооружените сили на Украина отвориле оган во кафуле во селото Гранитноје, во делот на Донбас кој е под контрола на силите на Киев. Како резултат на тоа, две лица, меѓу кои и еден војник на Националната гарда на Украина, загинаа, а две лица беа повредени.

Related posts

Leave a Comment