Свет

Макрон го повика Путин да не ги признава ДНР и ЛНР

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го повика руското раководство да не ги признава самопрогласените Доњецка и Луганска народна република.

„Како и досега, внимателно ја следиме ситуацијата и бараме од Путин да не го исполни барањето на Думата“, ја цитира Си-Ен-Ен изјавата на портпаролот на кабинетот на францускиот претседател.
Претходно денеска Думата гласаше за нацрт-резолуција за признавање на ДНР и ЛНР. Како што прецизираше претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, документот веднаш ќе биде испратен до шефот на државата.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на прес-конференција со шефот на германската дипломатија Олаф Шолц изјави дека при носењето на одлуката за Донбас „првенствено ќе тргне од можноста за спроведување на договорите од Минск, кои не се целосно реализирани“.

Related posts

Leave a Comment