Историја

„ГРЧКАТА“ МИТОЛОГИЈА НЕ Е ГРЧКА

 

„ГРЧКАТА“ МИТОЛОГИЈА НЕ Е ГРЧКА

Познато е и прифатено дека она што се нарекува „грчка“ митологија денес во голем дел се заснова на египетскиот пантеон. Меѓутоа, она што меинстрим науката не го признава е пелазгиското древно-македонско и прото-словенско наследство кое е вткаено во таканаречената „грчка“ митологија. Ќе дадам свое објаснување зошто таканаречената „грчка“ митологија му должи толку многу на египетскиот пантеон, а тоа објаснување ќе го поткрепи и моето тврдење за преобразувањето на пелазгиското митолошко наследство во она што денес се нарекува „грчка“ митологија. Најпрво, да објаснам зошто „грчка“ го ставам под наводници. Користам наводници или го пишувам зборот „таканаречена“ пред „грчка“ бидејќи во тоа време, крајот на првиот милениум п.н.е., Грците не постоеле. Терминот „Грци“ почнува да се користи многу, многу подоцна, во деветнаесеттиот век. Во древните времиња за кои зборувам, целиот Македонски (денес Балкански) Полуостров, вклучувајќи ја денешната грчка територија, бил населен со Пелазгите (Белазгите) кои биле автохтоно население. Древните Македонци припаѓале на големото белазгиско семејство и биле од прото-словенски сој, тврдење што во овој и другите постови ќе го докажувам со помош на ономастиката, топонимијата, митологијата и лингвистиката. Меѓутоа, верувале или не, за докажување на моето тврдење ќе ми помогне еден Грк по род кој со прецизни детали го опишува доаѓањето на првото инородно население на Балканскиот полуостров. Станува збор за древниот грчки трагичар Есхил, (525/524 – c. 456/455 пне.). Во неговата драма „Прибегарки“, изведена некаде по 470 пне., Есхил го опишува пристигнувањето на првото неавтохтоно население на Балканот кое се има случено неколку векови пред неговото време. Според Есхил, целиот Балкански полуостров во древно време бил населен со бело пелазгиско или белазгиско население, „Пелазги“ или „Белазги“. Грците ја немаат буквата „б“, па така овој народ го забележале како „Пелазги“, а всушност станува збор за Белазги. Зборот „бела“ и на модерен македонски јазик го има истото значење. Пелазгите и Белазгите биле венетски народ од белата раса со прото-словенско потекло. Тие било автохтоно население на древна Грција и Македонија. Според Есхил, новодојденците, првото неавтохтоно население на Балканот, биле Данајците кои дошле од Египет. Двата брата Данај и Египет биле основоположници на Данајците и Египјаните соодветно. Есхил ги опишува Данајците како луѓе облечени во бела облека, во контраст со нивниот црн тен. Во овој контекст, треба да се спомене дека најверојатно името „Египет“ е етимолошкиот корен на зборовите Еѓупјани“ или „Ѓупци“ на македонски јазик кои и денес се употребуваат. Овие Данајци, кои се прецизно опишани од древниот грчки трагичар како луѓе со црн тен, се вистинските предци на денешните Грци. Кај денешните Грци кои имаат посветол тен преовладува пелазгискиот ген. Меѓутоа голем дел од Грците имаат мулатски изглед што пак се должи на мешањето на Данајците со Пелазгите. Ако е точно тврдењето на Есхил дека Данајците дошле од Египет, тогаш не е никакво чудо што тие култот кон египетските божества го пренеле и на Балканскиот полуостров. Меѓутоа, она што е многу поважно за нас е дека тие ги прифатиле и почнале де ги обожуваат и древните македнски божества на автохтоното население на Балканот со кое почнале да се мешаат. Во следните постови (написи) ќе го докажувам тврдењето дека таканаречената „грчка“ е во голем дел древна МАКЕДОНСКА митологија, односно, дека новодојденците ги прифатиле божествата на автохтоното древно македонско население коешто припаѓало на големото пелазгиско семејство и било од прото-словенски сој.

Сања Новаковиќ

Related posts

Leave a Comment