Свет

Гутереш го поздрави продолжувањето на учеството на Русија во договорот за жито

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го поздрави континуираното учество на Русија во договорот за извоз на жито од Украина, соопшти портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

Тој нагласи дека Гутереш се уште е за обновување на договорот пред неговото евентуално истекување на 19 ноември, пренесува Ројтерс

– Генералниот секретар го продолжува својот ангажман со сите страни во насока на обновување и целосно спроведување на иницијативата и останува посветен на отстранување на преостанатите пречки за извозот на руска храна и ѓубрива – рече Дужарик, а пренесе Ројтерс.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Москва ќе продолжи со учеството во Црноморскиот договор за жито, откако ќе ги добие потребните гаранции од Украина.

Русија го прекина учеството во договорот за извоз на украинско жито преку црноморските пристаништа, што го постигна со Украина во јули, со посредство на Турција и Обединетите нации, по нападот со украински беспилотни летала врз руската црноморска флота во Севастопол поради што, како што се наведува, не може да ја гарантира безбедноста на цивилните бродови.

Related posts

Leave a Comment