Свет

Гутереш: Убеден сум дека Русија нема да ја нападне Украина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека е убеден дека Русија нема да ја нападне Украина.

„Убеден сум дека тоа нема да се случи и цврсто верувам дека ќе бидам во право“, изјави Гутереш на новинарите на брифингот пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, објави Њујорк Тајмс, додавајќи дека не ги објаснил неговите причини за оптимизам.

Првиот човек на ОН додаде дека проблемот треба да се решава со дипломатија, а не со воени конфликти.

– Окупацијата на една земја е спротивна на меѓународното право. Се надевам дека тоа нема да се случи и верувам дека ќе испадне дека сум во право, нагласи тој.

Related posts

Leave a Comment