Свет

Москва му се закани на Западот со најсериозни последици

 

Русија во петокот му се закани на Западот со „најсериозни последици“ доколку продолжи да ја игнорира својата „легитимна загриженост“ за воените засилувања на САД и НАТО во Украина и на руските граници.

– Ова може да се избегне доколку Вашингтон одговори позитивно на нашите предлози за безбедносни гаранции, на што се надеваме дека ќе добиеме писмен одговор од САД, точка по точка. следната недела, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Ставот му беше пренесен на американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен, кој во петокот во Женева се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров.

– Антони Блинкен беше јасно информиран дека натамошното игнорирање на легитимната загриженост на Русија, првенствено затоа што САД и нивните сојузници во НАТО воено ја користат територијата на Украина, ќе има најсериозни последици во контекст на распоредување на големи сили и средства на Алијансата во близина на нашите граници.

На состанокот, Русија, исто така, инсистираше на „воспоставување директен дијалог“ меѓу Киев и проруските сепаратисти во источна Украина, каде што повеќе од 13.000 луѓе загинаа во војната во 2014 година.

Според Москва, Блинкен и Лавров рекле дека руско-американските односи се „незадоволителни“ и се согласиле да продолжат со „нормализација на работата“ на нивните дипломатски претставништва, во светло на серијата меѓусебни протерувања на дипломати и проблеми со визите.

– Русија го поддржува повторното воспоставување на целосно дипломатско присуство на реципрочна основа, соопшти руското министерство, но побара рускиот дипломатски имот запленет од американските власти брзо да се врати.

Related posts

Leave a Comment