Свет

Десети ден од конфликтот во украина: Пресек

Помина десеттиот ден од конфликтот, се уште постои страв дека настаните ќе продолжат.

Руската армија продолжи со офанзивните операции во Украина, откако беше прогласен прекин на огнот со цел цивилните коридори да им овозможат на цивилите да ги напуштат опколените градови. Евакуацијата беше прекината, а и Киев и Москва ја обвинуваат другата страна дека не го почитувала примирјето. Русите тврдат дека цивилите биле спречени да го напуштат Мариупол. Третата рунда преговори ќе се одржи во понеделник, најави шефот на украинската делегација Дејвид Арахами.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба на украинско-полската граница и потврди дека САД ќе продолжат да воведуваат санкции кон Москва и да го поддржуваат Киев, со цел да придонесат за ставање крај на руската инвазија на Украина. ќе се врши силен притисок додека не заврши војната во Украина. „Целиот свет е со Украина, исто како што јас сум тука во Украина со мојот пријател и колега“, изјави Блинкен по средбата со Кулеба, пренесува Гласот на Америка.

Шефот на украинската дипломатија рече дека економскиот и политичкиот притисок на украинскиот партнер врз Русија ќе спаси многу животи.

Сепак, тој исто така прецизираше дека одбивањето на НАТО да воведе забрана за летови над Украина ќе придонесе за дополнителни цивилни жртви за време на руската инвазија на Украина.

Тој додаде дека очекува наскоро да се спроведе договореното со американскиот државен секретар, вклучително и воведување нови санкции против Русија и испорака на дополнително оружје за Украина.

НАТО се противи на воведувањето забрана за летови на Украина, објаснувајќи ја одлуката со верувањето дека таквиот потег може да вовлече и други земји во војна.

Во Украина има повеќе од 350 цивилни жртви од почетокот на инвазијата на руските војници, додека 707 се ранети, објави набљудувачката мисија на Обединетите нации, пренесе Ројтерс.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет во Москва разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, по што отпатува за Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Бенет и Путин разговарале за војната во Украина, вклучително и за ситуацијата во која се наоѓаат израелската и еврејската заедница поради конфликтот, пренесува Jerusalem Post, повикувајќи се на дипломатски извори.

На предлог на Зеленски, Израел се понуди да посредува во конфликтот меѓу Русија и Украина.

Лидерите на двете земји разговараа и за преговорите со Иран, а Бенет посочи дека Израел се противи на враќање на нуклеарниот договор од 2015 година, што е цел на преговорите во Виена.

По средбата со Путин, Бенет телефонски разговарал и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на Владимир Путин дека украинскиот лидер Володимир Зеленски е подготвен да се сретне со него во Турција, изјави претставникот за медиуми на Ердоган, Ибрахим Калин.

„Продолжуваме да работиме во таа насока, одржувањето на ваква средба несомнено позитивно би се одразило на ситуацијата. Подготвени сме да дадеме свој придонес“, рече Калин, пренесе ТВ ТРТ. Калин исто така рече дека Турција добила дозвола од западните сојузници да одржува отворен канал за комуникација со Русија.

Украинците продолжуваат масовно да ја напуштаат земјата, последните проценки велат дека се работи за милион и пол луѓе.

Related posts

Leave a Comment