Свет

ДИРЕКТНА СРЕДБА МЕЃУ СИРИСКАТА И АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА: Јенките ја подвиткаа опашката

Контролен пункт на сириската арапска армија му го попречил патот на конвојот на американските вооружени сили, кој се обидувал да влезе во селото Салхија кај Ал Камишли и ги принудил да ја напуштат областа, пишува САНА.

Локалните извори од селото Салхиат-Харб за дописникот на САНА изјавија дека шест воени возила на американската армија, придружени со автомобили на терористичката група Касад, имале намера да влезат во селото, но биле запрени од сириската армија.

Извори велат дека за време на пресретнувањето на американскиот конвој, неколку американски хеликоптери кружеле над областа.

Related posts

Leave a Comment