Свет

ДНР извести за десет предадени украински војници од територијата на „Азовстал“

10 украински војници од фабриката Азовстал во Мариупол им се предале на силите на ДНР. Ова денес го соопшти командантот на една од единиците на внатрешните трупи на Доњецката Народна Република Александар Ходаковски на својот телеграмс канал.

Во неговиот извештај се вели дека од тунелот излегле десет војници со бели знамиња.

Извор запознаен со ситуацијата го потврди предавањето на група војници со бели знамиња, но нивниот број се уште се прецизира. Исто така, сè уште не е познато дали станува збор за војници на Вооружените сили на Украина или милитанти на групата Азов.

Претходно Украина понуди размена на борци од Азовстал за заробени Руси.

Related posts

Leave a Comment