Регион

Додик порача : република Српска на пат за излез од БиХ, нема Враќање

Членот на српското претседателство Милорад Додик изјави денеска дека Република Српска тргнала на патот за излез од БиХ, од каде нема враќање.

„Ќе го сториме тоа и нема да бидеме стопирани од САД или некој друг, затоа што веруваме дека Дејтонскиот договор беше срушен, пред се со интервенција на меѓународниот фактор“, изјави Додик пред новинарите во Источно Сараево.

Времето, рече тој, ќе покаже колку е сериозна Република Српска во тој поглед, изјавувајќи дека Српска има избор помеѓу две работи, од кои едната е да се овозможи таа тивко да исчезне и да биде уништена преку „смртоносен“ пакет направен од меѓународната заедница и Бошњачката страна во Сараево.

Related posts

Leave a Comment