Првата размена на затвореници во последните две години започна на линијата на поделба помеѓу Украина и областа што ја контролираат руските бунтовници, изјави денеска народниот правобранител од регионот Доњецк, Дарја Морозова.
Таа рече дека размената се направила на линијата Горловка – Мајорскаја, помеѓу Украина и регионот Доњецк.
Како што објасни таа, приведените се прво насочени кон таканаречената сива зона, територијата помеѓу позициите на страните во конфликтот, каде ќе чекаат да заврши процедурата за размена, пренесува Тасс.
Морозова рече дека регионите на Доњецк и Луганск се подготвени да предадат 55 заробеници во Киев, очекувајќи од другата страна да предадат 87 од нив.