Колумни

Мишко Ливрински : На Македонија и требаат луѓе со идентитет и интергритет

Related image

РАБОТИ И ПРАШАЊА ШТО МЕ МАЧАТ 

Деновие се мачам! Си размислувам што се случува! нешто не е во ред со мене или работава е со луѓево. Две години како Македонија е под окупација ! Сменето и, е името! Македонскиот народ од народ е симнат во коса црта! Во тек е ревидирање на македонската историја. Грците ќе си ја земат антиката, Бугарите средновековната, а Србите југословенската историја. Албанците ни го воведуват албанскиот јазик за втор службен јазик со што започнува процесот на федерализација и кантонизација на Македонија нешто налик на Швајцарија или Босна и Херцеговина.

Прашање или работи што ме мачат е кој ќе не одбрани? Колку што можам да видам никој, ниту пак има некој да не одбрани, ние како македонски народ со години сме оставени сами на себе си да се браниме и тоа ние обичните луѓе го правиме. На моето прашање каде ни се интелектуалците? Каде ни е интелектуалната елита? Нели таа ние совеста на народот, општеството и државата? Нели тоа е првиот браник  во одбрана на народот и државата? Па каде се? Никаде ги нема. Колку што можам да видам во последните неколку години си замолчеа, оставајќи го народот сам да се брани. На мојот правен факултет “ Јустинијана Прима“ на кој јас студирам сите молчат! Единствено  професорката Тања Каракамишева-Јовановска има храброст  јавно да застане во одбрана и заштита на националните и државните интереси. Останатите сите молчат! Убаво им е, додека им го кршат правото и уставот !Докторите на правни науки навистина со извинување стануваат смешни и патетични кога пред сопствени очи им го кршат правото и уставот, а тие се  праваат дека не е ништо страшно, а нема пострашна работа од тоа да ти се гази сопствената професија и струка. И преку тоа може да се види колку им вредат сите дипломи. Земете ја Рената Десковска  професор по уставно право, Доктор на правни науки. Не знам женава кај кои професори полагала и кај кого учела, кој и дал диплома. Но да гледате пред вас како се крши уставот и правото, и така да си дремете без да гукнете, преку тоа може да се види капацитетот на женава и се друго останато. можам да ја сватам  и партиската припадност и идеологијата, но не може да се замени тоа за нешто што се вика право! Пред правото треба сите да молчат, бидејќи тоа кажува за состојбата како правилно би требала да биде.
Не можам да чујам ниту пак некој од мојот претходен факултет (Филозофски), на кои студирав да се јави. Ниту некој историчар, филозоф, социолог. Со исклучок на професорот Љубомир Цуцуловски кој како филозоф со своите анализи се најде на браникот на одбраната на македонската држава.
Работата која што ме мачи е токму тоа зашто е тоа така? Си викам со мене нешто не ли во ред што имам храброст нешто да напишам, и покрај тоа што две години ме блокираат на интернет и покрај тоа што влегов во конфликт почнувајќи од мојата фамилија и мојата околина поради моетот вакво пишување. Си викам нешто не во ред со мене или со човециве нешто не во ред! Ако не си одговорам сам на прашањево, нема кој да ми одговори. Затоа сам ќе си одговорам.
Пред се на Македонија и требат вистински луѓе! Луѓе без влакно на јазикот. Луѓе со идентитет и интергритет, стручност и професионалност. Луѓе кои не се корумпирани и кои не дозволуват да бидат корумпирани на јавна сцена. Луѓе кои општото добро на државата и нацијата им е на прво место дури и пред сопствениот материјален интерес.Како што и претходно кажавме такви луѓе во моментов во интелектуалната и политичката елита ги има малку. речиси воопште ги нема. Сигурно е дека ги има во обичниот народ. Многу пати до сега имаме констатирано дека ѓубрето парадира на сцена цели дваесет години, за сметка на тоа, луѓето со вистински вредности се фрлени во кал и тоа е нешто што во иднина мора да се промени.
Зошто тоа е така? Едноставно е! Големите луѓе кои светот ги имал пред се биле силно изградени личности со свој идентитет, интегритет, образовани, самостојни, растеле во нормална средина и опкружување. Сигурно големите луѓе дозволиле животот сам да ги води, а тие оделе по патеката по која и го направиле изборот да се биде ли во животот задоволен само со материјален интерес, односно биолошки начи на живот или да се има нешто повеќе некоја повозвишена цел од материјалното богаство. Возвишената цел не ја раѓало само образованието, ами и идеологијата и религијата. Е тука ние сме долу! Со самиот распад на источниот блог  започна ерата на интерес и затоа нека не ве чуди зошто нашите политички партии се шупливо празни како и најголемиот број од светските политички партии. Што се однесува до религијата ние како Христијани се откажавме од неа многу одамна и кога се распадна комунизамот  и се врати на сцена религијата, кај нас не се врати вистинското христијанско верување, туку напротив се вратија некакви обичаи и традиции кои немаат врска со христијанството, стар и нов завет. Прво, тоа стана присутно кај нашите свештеници и тука го наоѓаме одговорот зошто тие така се однесуваат ладнокрвно, дури не плашејќи се од божја казна. Секако дека тие ќе се однесуват така  кога тие знат за бога онолку колку што и јас знам за архитектура ( за архитектура ама баш ништо не знам) затоа и нека не ве изненадува тој факт. Ако тие што се декларират за слуги на Бога така се однесуваат, а што очекувате од народот како да се однесува?Политичка партија не може без идеја, идеологија, таквата партија е како празна тиква. Исто така не може без идеја, идеологија и без возвишена цел ни животот на човекот, на оној човек кој се одлучил својот живот да го живее со повозвишена цел. Токму живејќи го животот со повозвишена цел историјата ги родила големите луѓе како Јан Хус,Мартин Лутер, Че Гевара, Боливар, Галилео Галилеј, Исак Њутон, Гоце Делчев и останатите.
Мишко Македонски Ливрински, Скопје, Македонија.

Related posts

Leave a Comment