Руски патнички авион исчезна од радарите во близина на Томск, град во Сибир.
Руски патнички авион Ан-28 исчезна од радарите над сибирскиот град Томск, а точниот број на луѓе во авионот е непознат, но се проценува дека има најмалку 17 лица, пренесува Интерфакс .
Меѓу патниците, наводно имало и четири деца.
Исчезнатиот авион што летал на релација Кедрови – Томск припаѓа на авиокомпанијата Сибирска лесна авијација, а во потрага по него биле испратени и хеликоптери.
Да потсетиме, на почетокот на месецот од радарот над Камчатка исчезна и рускиот авион „Антонов“, а по неколкучасовно пребарување беше откриено дека се срушил и загинале сите 28 патници.
Антонов-28, истиот модел на авион кој исчезна над Томск, се сруши во шумата Камчатка во 2012 година. Во тоа време, 10 лица загинаа во несреќата, а истражителите открија дека и двајцата пилоти биле пијани за време на несреќата.
Руските стандарди за безбедност на авијацијата, се подобриле во последниве години, но несреќите, особено на постарите авиони во оддалечените региони, не се невообичаени.