ФБ Статуси

ДР. ЈАДРАНКА БИБАН : КОРОНАТА НИ СЕ СЛУЧИ ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

КОРОНАТА НИ СЕ СЛУЧИ ВО ВИСТИНСКО ВРЕМЕ

Ништо подобро не можеше да ни се случи оваа година, од короната. Таа не е наш непријател, туку е само доставувач на важна порака за нас. Доставувачот не е во игра, важна е пораката! Пораката е:
Внимавај, здравјето си го препуштил на здравствениот систем, а тој може да колабира за помалку од еден ден!! Твоето здравје виси во воздух!
Твојот бизнис не е твој, туку е на системот. Ако системот одлучи, твојот бизнис, ресторанот, фабриката, хотелот, канцеларијата, фудбалот, тенисот, или што и да е друго, ќе го снема за секунда!
Внимавај, твоите пари не ти обезбедуваат сигурност и храна, ниту тебе, ниту на твоите деца и внуци, зашто ако системот одлучи, твоите милиони нема да вредат ни за 100 грама семки!
Внимавај, ти не го контролираш системот, тој те контролира тебе!
Внимавај, ако си политичар, тогаш си само една решетка од кафезот на системот, таа решетка зар’ѓува и се менува со нова.
Не се обидувај да го смениш системот, смени се себеси, излези од правилата на системот и системот ќе влези во твоите правила на игра!
Д-р Јадранка Бибан

Related posts

Leave a Comment