Македонија

ЕГОИЗАМ – Љубомир Цуцуловски

 

 

ЕГОИЗАМ. Ако изјавам, или извикам, дека сум горд затоа што сум хетеросексуалец, од некои НВО-а веднаш ќе бидам прогласен за човек кој се служи со говор на омраза, кој е хомофоб и сл., сеедно што за себе си го задржуваат правото токму тие да се гордеат што припаѓаат на друга група луѓе. Ненавлегувајќи во прашањето дали нивната реакција е израз на х е т е р о ф о б и ј а, сакам да потсетам на нешто се случи пред некој ден. Министерот за здравство изјави дека промената на полот ќе била бесплатна, бидејќи сè ќе било на сметка на Фондот за здраство. Што значи на сметка на сите. Нецел ден потоа, министерот рече дека одлуката се повлекува (нема да се донесе), бидејќи се работело за поединечен, изолиран случај. Настрана го оставам прашањето како може некоја влада, макар била и на Северна Македонија, да носи толку сериозни одлуки за поединечни случаи. Многу побитен е молкот на НВО-та. Колку што можев да зебележам ниту една не го дигна гласот и да укаже дека, покрај тој поединечен случај, постојат илјадници болни луѓе и деца, кои имаат конкретни и реални здравствени проблеми, кои не страдаат само во душата, туку и телесно, поднесувајќи ужасни болки, врзани (заради неподвижноста) на едно место. Или: никој од овие НВО-а ништо не кажа за страдањата на социјално бедните и понижените, исфрлени на улица и без работа, како во овој свет да постои само една категорија луѓе – нивната.

Такво отсуство на емпатија, на сочувство со страдањата на другиот, ретко кога е видено. Оваа бесчувствителност, оваа индиферентност за сè што е друго, различно од нив, може да биде израз само на несватлива самообземеност/самобендисаност. Изгледа дека нечиј егоизам има намера да се постави над стварните, реалните потреби на било кој друг. Секоја поинаква квалификација/коментар, барем за мене, би била одвишна.

 

ФБ статус на професорот Љубомир Цуцуловски

Related posts

Leave a Comment