ЕвропаРегион

Еди Рама го осуди Лондон за дискриминаторските изјави за албанските мигранти

Албанскиот премиер Еди Рама денеска го осуди Лондон за изјавите што ги смета за дискриминаторски кон Албанија, откако британските власти ги повикаа неговите сонародници за илегалната имиграција во Велика Британија.

Зголемувањето на мигрантите кои го преминуваат Ла Манш со мали чамци е проблем за британските власти.

Според официјалната статистика, Албанците претставуваат мнозинство од оние кои успеваат да го преминат Ла Манш во Британија.

Во низата пораки објавени на неговиот Твитер профил, Еди Рама вели дека британските власти активно ги „дискриминирале“ Албанците.

„Тартирање на Албанците (како што некои направија срамно кога се бореа за Брегзит) како причина за проблемите со границите и криминалот во ОК е лесна реторика која ги игнорира фактите“, рече албанскиот премиер.

„Албанците во Велика Британија работат напорно и си ги плаќаат даноците. Велика Британија треба да се бори против криминалните банди од сите националности и да престане да ги дискриминира Албанците за да ги оправда своите политички неуспеси“, додаде тој.

Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман се најде во центарот на првата криза на владата на премиерот Риши Сунак поради справувањето со приливот на мигранти.

Во дебатата во парламентот таа ја спомена „инвазијата“ на Англија од мигрантите, мислејќи конкретно на албанските баратели на азил.

Неодамна беше споменато дека 12.000 Албанци успеале да го преминат Ла Манш оваа година, наспроти само 50 во 2020 година.

Велика Британија се соочува со рекорден број на мали бродски премини на Каналот, речиси 40.000 од почетокот на годината. Владата очекува таа бројка до крајот на годината да достигне 50.000. Се верува дека албанските криминални банди тргуваат со мигранти во Велика Британија.

 

Related posts

Leave a Comment